Breaking News

Во Берово најладно – 3 степени, во Дојран измерени 6 степени


Најниска температура утрово е измерена во Берово – 3, додека највисока со 6 степени во Дојран.


Според УХМР, 0 степени се измерени во Битола и Попова Шапка, 1 степен во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, Охрид, Претор, Прилеп и Струмица, два во Демир Капија и Велес, три степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Куманово и Крушево и 4 степени во Виница.


 Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2) е 5 Крива Паланка и 2 Крушево. Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност.

По одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од јужен правец. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.


Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени. цр/Фото: МИА архива .


Извор: МИА