Breaking News

Во Албанија нивото на инфлација во јули 4,2 отсто


Министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај денеска објави дека Албанија продолжува да има умерени и забавувани стапки на инфлација.


Според неа јулската инфлација  е 4,2 отсто, наспроти 7,5 отсто истиот месец  минатата година.


– Главна компонента на растот и влијанието на вкупната инфлација во текот на минатата, но и  оваа година, беше онаа на храната и безалкохолните пијалаци, кои исто така ја имаат главната тежина во кошничката на трошоците на албанските граѓани, напиша таа на Фејсбук.

Ибрахимај објави и статистика за бројките на инфлацијата во текот на оваа година, каде што може да се види дека од нивото од 7,23 отсто во јануари годинава, инфлацијата се намалила на ниво од 4,2 отсто во месец јули.


Највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува.

Така, во ноември беше 7,9 отсто, во јануари 7,2 отсто, во март 5,3 отсто, во мај 4,7 отсто и во јуни 4,5 отсто. вт/рп/Фото: ФБ на Делина Ибрахимај   .


Извор: МИА