Breaking News

Влатко Стефановски и Звјездан Ружиќ на отворањето на 45. „Скопско лето“


СООПШТЕНИЕ: Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ настапи на отворањето на Скопско лето на 21 јуни во преполниот Куршумли ан! .


На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот проект „Пијанотрон“ја почестија  публиката во Скопје со вечер за паметење! Покрај тоа што публиката уживаше во авторската музика на Ружиќ, пропратена со кратка приказна за секоја композиција, пријатниот амбиент во Куршумли ан, големо изненадување за публиката беше настапот на Влатко Стефановски заедно со Звјездан, изведувајќи една авторска композиција на Звјездан и „Елено ќерко“ во еден нов , суптилен и несекојдневен аранжман кој ги стопли срцата на сите присутни.


.

Извор: МИА