Breaking News

Вицепремиерот Маричиќ на конференција на Универзитетот Харвард


  Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ  престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави за да учествува на конференцијата „The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads на  Harvard Kennedy School во Кембриџ, Масачусетс.


Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ ќе оствари средби и со студенти од нашата држава и од регионот на Западен Балкан кои се на престижниот универзитет Харвард.


-Во рамките на посетата, вицепремиерот Маричиќ ќе оствари средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската Унија, Стефано Санино, и ќе има други средби со високи претставници, информира СЕП.

хс/бак/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА