Breaking News

Вицепремиерот Битиќи на увид во градежните работи на мостот на улица „Љубљанска“


Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, ќе изврши увид во градежните работи на мостот на улица „Љубљанска“, информираат утрово од владината прес-служба.


Мостот се гради во Општина Карпош со средства од ТАВ програмата за што се одвоени над шест милиони и 200 илјади евра. бд/са/Фото: Фејсбук .


Извор: МИА