Breaking News

Вицепремиерката Грковска на средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица


Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска денеска ќе одржи средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.


 Целта на настанот е промоција на политиките за добро владеење поврзани со младите, кои се одвиваат под слоганот „Зависи од мене и тебе“.


На средбата ќе се иницира отворена дискусија со средношколците на темите: чесност, интегритет и лична одговорност, а во насока на градење подобро општество и справување со штетните појави, како што се корупцијата и насилството.

сст/мд/   .


Извор: МИА