Breaking News

Високи функционери во американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за федералните трошоци


Високи претставници на американскиот Конгрес се согласија за ограничување на федералните трошоци од 1,6 трилиони долари во договорот со цел да се спречи делумно затворање на владата подоцна овој месец, рече претседателот на американскиот Претставнички дом Мајк Џонсон.


Договорената граница на трошоци вклучува 886 милијарди долари за одбрана и 704 милијарди долари трошоци поврзани со одбраната, појасни Џонсон во синоќешното писмо до пратениците.


Договорот во голема мера е во согласност со ограничувањата на трошоците за одбрана и домашните програми што Конгресот ги постави како дел од нацрт-законот за одложување на лимитот на долгот до 2025 година.

Но, тоа направи некои отстапки да ги сместат републиканците, кои во тој договор ги оценија лимитите за трошење како недоволни.


Во писмото до неговите колеги, Џонсон рече дека тоа ќе обезбеди 16 милијарди долари дополнителни кратења на трошоците во споредба со претходниот договор за кој преговараа тогашниот претседател на Претставничкиот дом Кевин Мекарти и претседателот Џо Бајден, и дека тоа е околу 30 милијарди долари помалку од она што го разгледуваше Сенатот.

-Ова претставува најповолен буџетски договор што републиканците го постигнаа за повеќе од една деценија, напиша Џонсон.


Бајден истакна дека договорот „ги носи чекор поблиску до спречување на непотребното затворање на владата и заштита на важните национални приоритети“. мс/фото: ЕПА .

Извор: МИА