Breaking News

Викендов 20. издание на „Поточиња“


Претстојниот викенд, Македонската филхармонија ќе биде главно место за детски џагор, полн со радост и смеа, бидејќи ќе се одржи 20.


роденденско издание на детскиот фестивал „Поточиња“, информираа организаторите. – Билети сè уште има во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн на mktickets.


mk/event/potocinja13/ и www. karti. com. mk/potocinja-2023. nspx. Јубилејното роденденско издание на „Поточиња“ ќе се одржи во три различни термини. Утре и во недела, со почеток во 11, 13 и 19 часот.

Овој викенд ќе биде посветен на дечињата, кои заедно ќе пеат, играат и празнуваат, додека новите хитови на „Поточиња“ ќе ги забавуваат.


Дваесет години „Поточиња“ – 20 години песна, радост, смеа, се наведува во соопштението. бд/са/Фото: Соопштение .

Извор: МИА