Breaking News

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам


– Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.


На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.


Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња.

Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам трае три дена.


Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот.

Првиот ден од Курбан Бајрам, 28 јуни, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија. фф/мд/Фото: МИА архива .


Извор: МИА