Breaking News

Велика Британија ќе ги распореди своите борбени авиони Тајфун во Полска


Велика Британија распоредува ловци РАФ Тајфун во Полска за да помогне во одбраната на земјата од заканата од руска агресија, соопшти министерот за одбрана на Велика Британија Грант Шапс за време на говорот на конференцијата на Конзервативната партија во Манчестер.


Во својот говор на конференцијата Шапс зборуваше за начинот на кој Велика Британија го поддржува НАТО. Министерот за одбрана кажа дека додека зборува, борбените авиони Тајфун слетуваат во Полска.


Според Би-Би-Си, Шапс рекол дека двата британски борбени авиони требало да ја заштитат Полска, каде наскоро треба да се одржат парламентарните избори, од руско мешање.

Тој, исто така, рече дека под водство на Риши Сунак, Конзервативната партија ја става Велика Британија во срцето на НАТО. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА