Breaking News

Вархеји остро го осуди нападот врз косовската полиција


– Еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји денеска остро го осуди нападот врз косовската полиција. – Насилството треба веднаш да прекине, напиша Вархеји на Х.


Тој изрази сочувство до семејствата на загинатиот полицаец и посака побрзо закрепнување на повредениот.


– Ја поддржуваме работата на ЕУЛЕКС и КФОР на терен и повикуваме на целосна истрага, додаде еврокомесарот.

„При извршување на полициски работи, во 02:34 часот во Северна Митровица, единицата за брза интервенција на граничната полиција забележала дека на влезот во село Бањска, на мостот се поставени два тешки камиони (без регистарски ознаки), а влезот на мостот бил блокиран“, соопшти косовската полиција и додаде дека три единици се упатиле во правец на локацијата.


„Веднаш штом пристигнале на местото на блокадата, наишле на отпор, при што од некои позиции било пукано од различен арсенал на огнено оружје, вклучително и рачни бомби и пиштоли, при што биле застрелани двајца полицајци“, се вели во соопштението.

Полициските единици, како што тврдат, реагирале во самоодбрана и успеале да го одбијат првичниот напад за да создадат услови за пружање помош и повлекување на погодените колеги.


„Повредените полицајци се извлечени од локацијата и пренесени во Регионалната болница во Јужна Митровица, каде лекарот констатирал смрт на едниот, додека другиот е повреден“, се вели во соопштението.

Косовската полиција потврди дека е убиен еден од напаѓачите. јт/ .


Извор: МИА