Breaking News

Утврдена динамиката за почеток на предавањата по македонски јазик на Универзитетот во Тирана


Во просториите на Деканатот на Факултетот за странски јазици во Тирана се одржа подготвителен состанок со деканката проф. д-р Есмералда Кромида и продеканката проф.


д-р Дрита Рира, одговорна за меѓународна соработка и проф. д-р Весна Мојсова – Чипушевска и амбасадорот Данчо Марковски, информираа од македонската амбасада во Тирана.


– Професорката  Мојсова – Чипушевска ја презентираше програмата на Филолошкиот факултет и во таа насока начинот на организирањето на лекторатите по македонски јазик.

Информираше дека се преземени неопходните активности за избор на лектор, стои во објавата.


Исто така  го потенцираше значењето на Меѓународниот семинар по македонски јазик кој постои 56 години и  изрази подготвеност за прифаќање на учесници на истиот во текот на месец август.

Ја потенцираше нашата заинтересираност за почеток на предавањата за следната 2023/2024 учебна година, со цел постепено подигање на неопходните нивоа.


 – Деканката Кромида поздравувајќи ја иницијативата на амбасадорот Марковски истакна дека во следните недели очекуваат номинирање на кандидат – лектор со цел итна изработка на неопходниот курикулум и другите документи неопходни за организирање настава.

Потенцираше дека Факултетот од своја страна ќе преземе активности за популаризација на македонскиот јазик меѓу студентите и негово поставување во програмата на распоредот на предметите, наведуваат од амбасадата.


За почеток таа предложила во првиот семестар утврдување на 4 кредити, а согласно развојот на интересот ќе се зголемува програмата со вклучување на македонски јазик и култура.

Потенцирала дека со иницијативата е запознаен и ректорот на Универзитетот.  На средбата биле разгледани и други прашања и иницијативи од взаемен интерес. вт/дма/Фото: Амбасада на РСМ во Албанија  .

Извор: МИА