Breaking News

Утринските температури над 20 степени, дневните преку 40


УХМР информира дека и во следните денови времето ќе биде многу топло.


Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност.


Според прогнозата, во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата.

УВ индексот ќе има многу висока вредност 10. мч/дма/фото: МИА архива .


Извор: МИА