Breaking News

Утрински минусни температури, преку ден до 17 степени


Во Берово изутрина во 7 часот се измерени – 7 степени, – 4 во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Битола, -3 во Тетово и Демир Капија, -2 Прилеп, Струмица, Штип, Дебар, Велес и Кавадарци, -1 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Попова Шапка, Охрид, Претор, Крива Паланка и Гевгелија, 1 во Крушево, а 2 во Виница.


На Попова Шапка има седум сантиметри снег.  Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.


Во Скопје сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 15 степени. лв/фото:МИА архива  .

Извор: МИА