Breaking News

Утре во Хаг почнува процесот против Израел по тужбата на ЈАР


Утре, на 11 јануари, ќе започнат првите сослушувања пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во врска со тужбата поднесена од Јужноафриканската Република поради, како што се наведува, израелскиот геноцид во Газа.


Повеќе од илјада организации низ светот го поддржаа обвинувањето на ЈАР за геноцид врз Палестинците, а поранешниот грчки министер за финансии, познатиот левичар Јанис Варуфакис, исто така повика на итен прекин на насилството врз Палестинците.


Лидерот на Дием 25 јавно го повика Израел да го запре насилството во Газа, а ова движење неодамна иницираше петиција со која побара од Меѓународниот олимписки комитет, ФИФА, УЕФА, ФИБА и други спортски организации да го исклучат Израел од сите меѓународни натпреварувања.

Движењето ги потсетува челниците на спортските организации и на фактот дека и Русија беше суспендирана од сите натпреварувања по почетокот на нападот на Украина.


Пред советот на Меѓународниот суд на правдата, главниот судски орган на Обединетите Нации, претставниците на ЈАР ќе ги изнесат своите аргументи, а в петок ќе бидат сослушани полномошниците на Израел.

ссм/фото: Дием25 .


Извор: МИА