Breaking News

Усвоени уставните измени во бугарското Собрание


Народното собрание на Бугарија денеска даде одобрување за уставните измени со кои се одзема голем дел од овластувањата на претседателот врз преодната влада, се намалуваат овластувањата на јавниот обвинител и се реструктуира Врховниот судски совет.


Со измените се создава и процедура за пристап на граѓаните до Уставниот суд. Вкупно 165 пратеници ги поддржаа уставните амандмани од ГЕРБ, ПП-ДБ и ДПС.


„Против“ беа 71 пратеник од „Вазраждане“, БСП и „Има таков народ“. Уставните измени ќе бидат нападнати пред Уставниот суд од партиите кои гласаа против во парламентот.

Овие партии се очекува да добијат поддршка од претседателот Румен Радев. мс/ .


Извор: МИА