Breaking News

Уставниот суд пресече – договорот Италија-Албанија за мигрантски центри е во согласност со Уставот


– Уставниот суд на Албанија по денешната повеќечасовна распарава одлучи дека договорот за мигранти меѓу Албанија и Италија е во согласност со Уставот.


Деветчлениот состав на судот одлуката ја донесол со 5 гласови „за“ и четири против, со што се отвора патот за ратификација на договорот од страна на законодавниот дом.


– Судот смета дека договорот потпишан во Рим меѓу албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, на 6 ноември 2023 година, во Рим, за прифатни центри на албанска територија, во кои ќе бидат сместувани мигранти од Африка, е во согласност со Уставот, објави Судот.

По денешната одлука на Уставниот суд, се очекува албанскиот Парламент на наредата пленарна седница да го стави на дневен ред договорот, кој имајќи го предвид бројот на пратенци од владејачкото мнозинство ќе биде ратификуван.


Според планот центрите треба да профункционират оваа пролет.

Преиспитувањето на уставноста на договорот од Уставниот суд побараа 30 пратеници од опозицијата, од групата на Сали Бериша и Газменд Барди, кои бараа поништување на договорот, оценувајќи дека се прекршени сите закони и оти претставува опасност по националната безбедност.


По доставеното барање, Уставнот суд во декември ја суспендираше ратификацијата на договорот во законодавниот дом, кој истиот го имаше ставено на дневен ред, а на 18-ти овој месец расправата ја закажа за денеска.

И тогаш и денеска пред судот беа одржани протести со барање судот да го отфрли договорот.


Истиот на 6 ноември во Рим го потпишаа премиерите Рама и Мелони и со него се предвидува изградба на центри за мигранти во околјата Лежа, поточно во пристанишниот град Шнѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена, воена база, во кои треба да се сместуват најмалку три илјади бегалци месечно, односно 36 илјади годишно, кои се фатени во обид илегално да влезат на италијанскиот брег.

Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра.

Долниот дом на италијанскиот Парламент на 24 месецов го ратификуваше договорот и истиот треба конечно да го одобри италијанскиот Сенат. вт/ссм/Фото: Уставен суд сајт  .

Извор: МИА