Уставен суд доби донација од компјутери и печатачи од Турската агенција за соработка и координација


Уставниот суд денеска соопшти дека доби донација од десет компјутери и десет печатачи од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).


Опремата во Судот пред вработените ја презентираа претставниците на агенцијата предводени од координаторот од Скопје, Мехмет Бајрак.


Координаторот на ТИКА, Бајрак нагласил дека денешната донација е продолжување на соработката со Уставниот суд на која претходи опремување на салата за состаноци и прес конференции во 2020 година и обезбедување на техничка опрема во 2013 година.

 -Претседателката Добрила Кацарска изрази благодaрност во име на сите вработени во Судот и нагласи дека оваа донација е значајна за ажурно и ефикасно работење на сите во Уставниот суд од аспект на технички можности и опрема, се вели во соопштението на Уставниот суд.


бт/нд/Фото: Уставен суд  .

Извор: МИА