Breaking News

Уредник на сараевски портал: Тужени сме 70 пати, претежно имаме СЛАП тужби


Уредникот на порталот Журнал и директор на Центарот за развој и анализа на медиуми од Сараево, Елдин Кариќ изјави дека порталот за истражувачко новинарство досега бил тужен околу 70 пати, а во моментов има 50 активни процеси и додаде дека тоа се претежно таканаречени SLAPP тужби.


„За секоја сторија што ја објавивме на порталот Žurnal. info, имаме докази.


Сепак, тоа не им е важно, суштината е дека тие со овие тужби се обидуваат да не спречат да работиме, изјави Кариќ за порталот Аутономија (autonomija. info).

Тој додаде дека овие тужби одземаат многу енергија, време и пари и внесуваат нервоза во редакцијата. SLAPP (Strategic Lawsuits Against Public Participation), т. е.


стратешки тужби против јавен настап, значи тужби кои се насочени како притисок врз медиумите и поединците да ги одвратат од критички настап.

Цел на овие тужби најчесто се новинари, медиумски организации, уредници, активисти и невладини организации, а претежно се иницирани од фирми и политичари. паг/Фото: Принтскрин   .


Извор: МИА