Breaking News

Уништени девет проектили и два дрона на Хутите во Јемен, тврди Централната команда на американската војска


Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека уништила девет противбродски проектили и две беспилотни летала во областите во Јемен под контрола на Хутите.


Американската војска вчера соопшти дека јеменските бунтовници Хути истрелале две противбродски балистички ракети од Јемен кон Аденскиот Залив и две проектили кон Црвеното Море, и дека немало повредени ниту била предизвикана штета на американските бродови или на бродовите на коалициските сојузници.


Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) денеска соопшти дека трговскиот брод бил оштетен откако бил погоден со проектил кога се наоѓал на околу 140 километри западно од брегот на Јемен, во близина на Ал Худајда.

Хутите од ноември ги напаѓаат комерцијалните бродови во Аденскиот Залив и Црвеното Море, поради, како што велат, одговор на израелските напади врз Појасот Газа. рп/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА