Breaking News

УНДП организира дебата за справување со дезинформациите и лажните вести


По повод Меѓународниот ден на демократијата, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска во Музејот на современа уметност во Скопје организира панел-дискусија   „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“, на која ќе се дебатира за лажните вести и дезинформациите и нивното силно влијание врз демократските процеси.


-Во време кога вестите се шират побрзо од кога било претходно, објавувањето и споделувањето  точни информации има исклучително важна улога за демократските процеси.


Од друга страна, лажните вести и дезинформациите се шират со „брзина на светлината” преку различни медиумски канали и лесно можат да ја поткопаат довербата, да ги извртат фактите и да манипулираат со јавното мислење, наведува канцеларијата на УНДП.

УНДП соопшти дека одлучиле да го одбележат Меѓународниот ден на демократијата со панел-дискусија имајќи ја предвид, како што посочува „изложеноста на граѓаните на Северна Македонија на дезинформации, како и претстојните избори во земјата“.


хс/лв/Фото: МИА архива      .

Извор: МИА