Breaking News

Умерено облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, пообилни во западните делови.


Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.


Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 15 степени.


Од УХМР велат дека до четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и за време на викендот кога на повеќе места ќе биде над 20 степени.


дма/са/Фото:МИА архива .

Извор: МИА