Breaking News

Умерен земјотрес регистриран во јужниот дел на Мексико


– Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска синоќа е регистриран во јужниот дел на Мексико.


Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Матиас Ромеро во јужната сојузна држава Оаксака, а бил почувствуван и во соседната држава Веракрус.


Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА