Умерен до засилен северен ветер и дожд, значително заладување во текот на неделата


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег.


Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.


Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд.


Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.


Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места.

Во вторник и потоа и кон крајот на работната недела ќе дува повремено силен северен ветер најизразен вдолж Повардарието и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.


бт/нд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА