Breaking News

Украина тврди дека соборила руски борбен авион Сухој Су-34


Киев денеска објави дека соборил борбен авион на Русија над источните региони на Украина.


Микола Олешук, командант на украинските воздухопловни сили, во изјава за Телеграм вели дека е соборен рускиот авион Сухој Су-34.


Дополнителни информации за инцидентот не се објавени, а руските власти се уште не ги коментирале тврдењата на Украина. паг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА