Breaking News

Украина сама ќе одлучи дали сака да прави отстапки за Русија, изјави портпаролот на ЕК


Украина одлучува кога ќе разговара за отстапки и услови, изјави денеска портпаролот на Европската комисија како одговор на прашањето за можноста за идни преговори за ставање крај на војната што ја води Русија.


-ЕУ ја поддржува Украина да победи во оваа одбранбена војна. Решението ќе се најде според украинските услови, рече портпаролот.


Тој истакна дека ЕУ продолжува да ја обезбедува сета потребна помош за Киев.

Така тој одговори на тврдењата што се шират во италијанските медиуми дека неофицијално западните земји разговараат за можноста Киев да и ги отстапи на Москва областите што веќе ги зазедоа руските сили, а остатокот од Украина да влезе во НАТО.


Говорникот беше прашан дали може да се примени сличен пристап за претстојниот пристап на Украина во ЕУ. -Одлуките се целосно во рацете на Украина, резимира тој.

Во март, ЕК претстави предлог за рамка за преговори со Украина за пристапување во ЕУ. Предлогот се очекува да биде одобрен од Советот на ЕУ со цел да се започнат вистинските преговори со Киев.


мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА