Breaking News

„Украина – две години хероизам“ мултимедијална конференција


Амбасадата на Украина, во соработка со граѓанската организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска организира голема мултимедијална конференција насловeна „Украина – две години хероизам“ што ќе се одржи во Музејот на македонската борба за независност, во Скопје.


Како што наведуваат организаторите, форумот ќе го отворат претседател Стево Пендаровски и амбасадорката на Украина Лариса Дир, а ќе следат обраќања на премиерот Талат Џафери, првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро валдеење Славица Грковска, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедници Артан Груби, министрите за надворешни работи Бујар Османи и за одбрана Славјанка Петровска и други високи претставници на државните институции.


На втората сесија на конференцијата, според најавата од организаторите, ќе говорат дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и на Литванија.

Во музејот ќе бидат поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.


Програмата предвидува и промоција на книгата „Украина – години на хероизмот“ од Џабир Дерала. вг/са/Фото: МИА Архива  .

Извор: МИА