Breaking News

УКМТО: Вооружена група се качила на брод во близина на Оман


Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) денеска прими извештај дека група од четири до пет вооружени лица се качиле на брод лоциран на околу 50 наутички милји источно од брегот на Оман.


Според УКМТО, групата носи воени униформи и црни маски.


Поморската безбедносна информативна агенција соопшти дека не успеала повторно да стапи во контакт со бродот и дека властите сè уште го истражуваат инцидентот.

Јеменските Хути од октомври напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море, противејќи се на израелската воена операција во Газа.


Нивните напади главно се фокусирани на теснецот Баб ал-Мандаб, на самиот југозапад на Арапскиот Полуостров, но инцидентот денеска се случи во близина на теснецот Хормуш, кој се наоѓа на истокот на полуостровот.

паг/Фото: Принтскрин   .


Извор: МИА