Breaking News

УХМР: Утре повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови


Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи,особено во источните делови од државава. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од УХМР.


 Минималната температура ќе биде од 13 до 21, а максималната од 23 до 33 степени.


УХМР најавува дека за време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник. дма/аа/Фото:МИА архива .

Извор: МИА