Breaking News

Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници заради спречување вандализам


Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници кои ќе му помогнат на персоналот во спречувањето на насилство и вандализaм.


Како што е најавено во документот објавен на веб-страницата на Владата на Црна Гора, асистентите ќе се обучуваат на Полициската академија во Даниловград и обуката ќе трае 35 дена.


Кандидатите треба да се пријават до 29 септември, за обуката која ќе започне на 2 октомври, а предвидено е на програмата да има 20 учесници. ссм/фото: архива .

Извор: МИА