Breaking News

Ученици од Франција на пракса во струмички компании


Седум ученици од Франција 14 денови престојуваат во Струмица и во три струмички компании реализираат практична работа преку учење.


Како што соопштија од Општина Струмица, престојот на француските ученици е во рамките на соработката на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица со АФОРПА групацијата на стручни училишта од Париз, Франција, чија основна дејност е стручно образование и обука во автомобилската индустрија.


Таквата соработка меѓу двете институции е воспоставена минатата година преку препознавање на успесите на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ во реализираните „Еразмус+“ активности во стручното образование и обука.

Гостите од Франција заедно со директорот на струмичкото средно училиште и професори денеска ги прими градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој ги запозна со Општина Струмица, а учениците од Париз ги споделија своите импресии од престојот и работата.


рт/мд/Фото: Општина Струмица .

Извор: МИА