Breaking News

Убиен Израелец во Западниот брег, ИДФ почна потера по него


Израелец почина откако бил застрелан во западниот брег, по што неговото возило се превртело, јавува Тајмс оф Израел.


Службата за брза помош „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека констатирале смрт на Израелец на 30-годишна возраст, кој беше застрелан и чиј автомобил се преврте во близина на градот Бајт Лид на Западниот брег.


– Кога стигнавме на местото на настанот, видовме автомобил наопаку на покривот во грмушките на страната на патот, вели лекарот од МДА Бенци Ландсберг.

– Возачот на автомобилот, маж на 30-годишна возраст, беше без свест, без пулс, не дишеше и со рани од огнено оружје.


Направивме медицински тестови и по кратко време моравме да констатираме смрт, изјави тој.

Израелските одбранбени сили соопштија дека започнале потера по извршителите на нападот, оквалификувајќи ги како терористи и кои поставуваат блокади на патиштата во областа. ссм/ .


Извор: МИА