Breaking News

Туторска настава по македонски и англиски јазик за ученици Роми во Битола


Во основното училиште „Ѓорги Сугарев“-Битола се изведува туторска настава за 70 ученици Роми од второ, трето и четврто одделение.


Од Општина Битола информираат дека туторската настава се реализира со цел да се унапреди квалитетот на образование за децата Роми во основно образование.


-Туторска поддршка се обезбедува по предметите македонски јазик, математика и англиски јазик.

Во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, туторска поддршка добиваат околу 70 ученици, од страна на шест тутори и еден консултант, кои се ангажирани за период од седум месеци.


Акцијата се изведува во два дела, од април до јуни и од септември до декември.

Во рамки на проектот набавени се материјали за учениците и туторите, кои им се  потребни за поквалитетно изведување на туторската настава, соопштиј локалната самоуправа.


За текот и реализацијата на проектот „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ поддржан од Европската унија и Советот на Европа, информиран беше и градоначалникот Тони Коњановски за време на посетата на ОУ „Ѓорги Сугарев“ во Битола.

мт/хс/  .


Извор: МИА