Breaking News

Туск повторно го повика Претставничкиот дом на САД да гласа за помошта за Украина


Полскиот премиер Доналд Туск синоќа повторно го повика претседателот на Претставничкиот дом на САД да го предложи за гласање итно потребниот пакет помош во износ од 60 милијарди долари за Украина, јавија полските медиуми.


Пакетот, кој веќе беше усвоен од Сенатот, останува во Претставничкиот дом, чиј претседател Мајк Џонсон одби да го даде на гласање и покрај очигледната поддршка за законот во Долниот дом на американскиот Конгрес.


Џонсон, претставник на Републиканската партија, инсистира дека нема да биде „притиснат“ да го одобри пакетот странска помош од 95,3 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, од кои 60 милијарди долари се планирани за Киев.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА