Breaking News

Туск ќе отпатува во Франција и Германија за да разговара со своите колеги за безбедносните ризици


Полскиот премиер Доналд Туск денеска ќе отпатува во Франција и Германија за да разговара со своите колеги за безбедносните ризици и загриженоста, како што наведуваат светските агенции, поради можното враќање на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД.


„Европа мора да дејствува заедно. . .


разговорот ќе биде и одговор на прашањето што ќе се случи ако Трамп победи? Немаме време, мора да имаме поголем капацитет на воената одбранбена индустрија“, изјави извор од полската Влада.

„Сега, за прв пат, полската Влада вели дека зајакнувањето на европската одбрана не е контрадикторност на силното НАТО“, изјави германскиот претставник задолжен за односите со Полска, Дитман Нитан.


Трамп викендот изјави дека нема да ги штити земјите кои не ги плаќаат своите обврски кон НАТО и дека ќе ја „охрабри“ Русија да ги нападне. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА