Breaking News

Цукерберг со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол разговарал за соработка во областа на вештачката интелигенција


Шефот на Мета, Марк Цукерберг денеска се сретна во Сеул со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, со кого разговараше за соработката на полето на вештачката интелигенција и начините за спречување на циркулацијата на лажни вести во пресрет на клучните избори, соопшти канцеларијата на Јун.


Цукерберг е на мини-турнеја низ Азија, која вклучуваше посета на Јапонија, плус тридневна посета на Сеул, каде што се сретна со деловни лидери од електронските гиганти Samsung и LG.


Следната држава што тој ќе ја посети е Индија.

Јун и Цукерберг разговараа за соработката меѓу јужнокорејските компании и Мета „како и за визијата за создавање екосистем за дигитална вештачка интелигенција“, изјави за новинарите Сунг Тае-џун, шеф на службата за политика на Јун.


– Јун ја нагласи водечката позиција на јужнокорејските компании на пазарот на меморија за системи со вештачка интелигенција и побара од Цукерберг да воспостави блиска соработка со нив, рече Сунг Тае-џун.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА