Breaking News

ЦУК: Во последното деноноќие 24 пожари до утрово – активни само два


Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови интервенирале на 24 пожара, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од локалните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР.


Утрово еден пожар се води како активен – во Општина Прилеп, кај с. Алинци, каде што гори ниска вегетација, се уште чади само депонијата што исто така е опожарена, а пријавен е уште еден пожар.


Регионалниот ЦУК Прилеп извести дека околу 04:40 часот утрово избувнал пожар при што гори ниска вегетација и деградирана шума кај с. Небрегово, во Општина Долнени.

Во гаснењето на пожарот, интервенирале четири пожарникари од ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило.


Вчерашните изгаснати 24 пожари, при што горела сува трева, ниска вегетација, деградирана шума, а и мешана и борова шума, биле во 12 општини: Илинден, кај с.

Бучинци; Петровец, Стрелиште Чојлија; Општина Долнени, кај с. Слепче, с. Гостиражни, с. Секирци, с. Стровија и кај с. Новоселани; Прилеп, кај с. Загорани и кај кај фабрика „Комфи Ангел“; Крушево, с.


Норово; Кривогаштани, 1 с. Кривогаштани; Струмица, кај с. Сушица, с. Куклиш, с. Вељуса и кај с. Водоча; Гевгелија, с. Ново Конско; Кичево, с. Челиковци; Куманово, кај населбата „Бедиње“ и кај с.

Романовце; Липково, кај с. Матејче и кај с. Ваксинце и во Општина Кратово, кај с. Коњух, каде што горела ниска вегетација, грмушки, ниска шума, една штала и неколку напуштени куќи, информираат од ЦУК.


аа/са/  .

Извор: МИА