Breaking News

ЦУК: Вкупно 1.910 повици за итни случаи


Во Центарот за управување со кризи изминатото деноноќие имало вкупно 1. 910 повици на Единствениот број за итни случаи 112.


Од нив „реални“ повици биле 36,28 отсто, а 63,72 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.


 -Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 3,97 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите (неитни повици) 36,28 проценти – вкупно на број 1.

228, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, соопштија утрово од ЦУК.


Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 59,93 отсто, кон Итната медицинска помош 33,94 проценти, кон пожарникарите 1,81 отсто, а кон АМСМ 0,36 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од ЦУК апелираат да не се палат стрништа на нивите, пластични и гумирани работи, отпадоци и депониите на отворено, особено во овој период на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава.


дма/са/Фото:МИА архива .

Извор: МИА