Breaking News

ЦУК: Вкупно 1.627 повици на 112 во последното деноноќие


Во последното деноноќие имало вкупно 1. 627 повици на Единствениот број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).


 Од нив „реални“ повици биле 39,40 отсто, а 60,60 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.


Кон Полиција биле упатени 48,56 отсто, кон Итната медицинска помош 41,97 отсто, кон пожарникарите 8,65 отсто, а кон АМСМ 0,41 отсто од реалните повици кон 112. мд/аа/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА