Breaking News

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, активен е уште еден


  Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 29 пожари на отворен простор.


Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии.


До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште еден – во Општина Македонски Брод, во пределот кај с.

Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума). Изминатото деноноќие 29-те пожари биле во следниве општини:- Општина Шуто Оризари, покрај ул.


„Индира Ганди“ (каде што горела ниска вегетација)- Општина Студеничани, с,Батинци (ниска вегетација);- Општина Зелениково;помеѓу с. Вржале и с.

Морани (шума);-Општина Гази Баба, 2 пожара, Парк шума „Гази Баба“(грмушки) и кај с. Раштак (ниска вегетација);- Општина Ѓорче Петров, с.


Ново Село кон река Лепенец (ниска вегетација);- Општина Бутел, с. Луботен (ниска вегетација и отпадоци);- Општина Илинден, во населба „Илинден“ (стрниште);- Општина Прилеп, 2 пожара, с.

Селце(ниска вегетација) и с. Ново Селани(ниска вегетација);- Општина Босилово, помеѓу с. Басилево и с.


Пиперево (ниска вегетација и ѓубре);- Општина Гевгелија, 3 пожари во близина на Железничка станица „Гевгелија“ (ниска вегетација и капини), кај место Прдејци (ниска вегетација нискостеблеста шума) и с.

Богданци (ниска вегетација и прнар);- Општина Радовиш, помеѓу с. Јаргулица и с. Калуѓерци (ниска вегетација);- Општина Кичево, с. Козица (стрниште);- Општина Чашка, с.

Горно Јаболчиште (букова шума); – Општина Неготино, с. Пепелиште (ниска вегетација); – Општина Карбинци, с. Горно Трогерци (ниска вегетација); – Општина Куманово, 2, кај с. Долно Којнаре кон с.

Речица (ниска вегетација и стрниште) и кај с. Никуштак (ниска вегетација и стрниште); – Општина Старо Нагоричане, с. Драгоманце (ниска вегетација и стрниште);  – Општина Тетово, 5 пожари, кај с.

Жеровјане (ниска вегетација), с. Боговиње(картонски одпад) ,с. Одри (ниска вегетација), с. Доброште (ниска вегетација) и кј с. Палатица (ниви).  – Општина Гостивар, кај с.

Старо Чајле (каде што горела нискостеблеста вегетација). дма/са/Фото: ЦУК .

Извор: МИА