Breaking News

ЦУК: Нема пријавени пожари на отворено во последното деноноќие, 1.849 повици на 112


Во последното деноноќие нема пријавено пожари на отворено, а имало вкупно 1. 849 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).


 Од ЦУК потсетуваат дека е потребно редовно чистење на оџаците и на локалните одводни канали. Апелираат да не се пали вегетација на отворено. Во последното деноноќие од вкупно 1.


849 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, „реални“ повици биле 44,35, а 55,65 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 62,76 отсто, кон итната медицинска помош 33,47, а кон пожарникарите 2,10 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. мд/цр/  Фото: МИА архива .


Извор: МИА