Breaking News

ЦУК: Локализиран пожарот кај Катланово


Со поддршка на два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита вечерва успеаја целосно да го изгаснат пожарот над Катланово, информираат од Центарот за управување со кризи.


Дополнуваат дека во моментов се врши проверка на теренот и догаснување на остатоци во внатрешноста на изгорената површина. ЦУК претходно извести дека денеска попладне, околу 15.


30 часот избувна пожар над Катланово кој зафати нискостеблести растенија но и дрвја. ар/лв/ФОТО/ЦУК  .

Извор: МИА