Breaking News

ЦУК: Изминатото деноноќие 1.666 повици на бројот за итни случаи 112 


Според последниот извештај во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1. 666 повици на Единствениот број за итни случаи 112.


„Реални“ повици за итни случаи биле 39,50 отсто, а 60,50 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните.


 Како што информираат утрово од ЦУК, кон полиција биле упатени 46,48 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 45,94 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 3,26  отсто.

дма/са/Фото:МИА архива .


Извор: МИА