Breaking News

ЦУК: 1.904 повици во последното деноноќие на 112


Центарот за управување со кризи – ЦУК  информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.


894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 42,70%, а 57,30% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.


Кон Полиција биле упатени 50,00%, кон Итната медицинска помош 41,72%, кон пожарникарите 3,79%, а кон АМСМ 1,03% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1.

101 повик за итни случаи на 112, се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 3,45% со другите 57,30% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање.


Како што појаснуваат од ЦУК, тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК).

За дел од повиците се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.


ад/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА