Breaking News

ЦУК: 1.810 повици на единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие


Во Центарот за управување со кризи во последното деноноќие имало вкупно 1. 810 повици на единствениот број за итни случаи 112 .


„Реални“ повици биле 40,17%, а 59,83% други, што биле за други потреби на граѓаните и не биле итни, информираат од ЦУК.


Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 3,89% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 59,83% „неитни повици“ (1.

093 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.


Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 59,53%, кон Итната медицинска помош 3,50%, а  кон пожарникарите 3,50% од повиците од 112 во ЦУК.

ад/са/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА