Breaking News

Црвениот крст побара 20 милиони евра за зголемените потреби во Ерменија


Црвениот крст побара нешто повеќе од 20 милиони евра за да одговори на растечките хуманитарни потреби поради егзодусот на Ерменците од енклавата Нагорно-Карабах по кратката офанзива на азербејџанските сили.


Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во соработка со Меѓународниот комитет на Црвениот крст ги активираше плановите за вонредни ситуации и мобилизираше неколку стотици вработени и волонтери.


-Ситуацијата на теренот е ужасна. Гледаме семејства чии деца се толку слаби што се онесвестија во прегратките на нивните родители.

Овие околности бараат итна и голема поддршка, кажа регионалната директорка на федерацијата за Европа Биржит Бишоф Ебезен. Околу 89. 000 бегалци од 120.


000 жители на Нагорно-Карабах од неделата ја преминале границата за да избегаат од контролата на Азербејџан.

Финансиската помош има за цел да обезбеди хуманитарна помош за десетици илјади луѓе кои ја напуштаат енклавата, но и да ги поддржи бегалците и локалното население на долг рок.


Азербејџан неодамна почна воена операција во Нагорно-Карабах, која заврши по 24 часа со договор со Ерменците да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на таа отцепена територија во Азербејџан.

Во 2020 година, Ерменија и Азербејџан се судрија околу контролата врз регионот Нагорно-Карабах, а конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили.


Договорот беше постигнат со помош на Русија. сд/фото:МИА архива  .

Извор: МИА