Breaking News

Црвен крст Струга со апел до младите да даруваат крв


Привлекување што повеќе млади крводарители е целта на Општинската организација на Црвен крст Струга, истакна денеска секретарот Адуриме Даути на свечената седница на која беа доделени благодарници за пет, десет, 25 и 50 крводарувања во текот на изминатата 2023 година.


Годината што измина ја оцени како успешна, со надминување на Годишниот план од 1. 800 крводарувања.


– Го реализиравме Годишниот план за крводарување за што добивме и признание од Црвен крст на Република Северна Македонија, годината ја завршивме со 2. 015 крводарувања, истакна Даути.

Годишниот план и за 2024 година, според неа, останува ист, но, вели дека секое подобрување е успех за организацијата, а таргет ќе им бидат младите крводарители.


– Оние што даруваат секоја година веќе им е традиција и не го сметаме за најголем успех, тие се наши редовни крводарители.

Целта како Црвен крст ни е младата популација да стекне навика и да сфати дека дарувањето крв е хумана мисија и дека треба да се дарува, рече Даути, со апел до младите да доаѓаат да даруваат од бесценетата течност што живот значи.


сс/мд/Фото: МИА .

Извор: МИА