Breaking News

Централниот регистар ќе работи со продолжено работно време за прием на годишните сметки на правните субјекти


Централниот регистар на Република Северна Македонија, регионална регистрациона канцеларија Скопје, денеска ќе работи со продолжено работно време и ќе овозможи прием на годишните сметки на правните субјекти за 2023 година од 08.


00 до 20. 00 часот. Како што соопштија од Централниот регистар, денеска од 08. 00 до 16.


00 часот ќе се овозможи прием на годишните сметки на правните лица за 2023 година во Регистрационите канцеларии РК Свети Николе, РК Пробиштип, РК Македонски Брод и РК Неготино.

За сите дополнителни информации поврзани со поднесување на годишните сметки, како и за контакт со Централниот регистар, обврзниците за поднесување на годишна сметка, стои во соопштението, да се информираат на следниот https://www.


crm. com. mk/mk/za-tsrrsm/korisni-informatsii/informatsii-za-podnesuvanje-na-godishna-smetka. цр/са/Фото: Централен регистар на Република Северна Македонија .

Извор: МИА