Breaking News

Цели во северен Израел нападнати од либанска територија


Северен Израел изминатата ноќ бил цел на интензивни ракетни напади од либанска територија, на што е одговорено со удари врз „терористичка ќелија“ во јужен Либан, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).


Набргу откако во повеќе места во северен Израел се огласија сирените за воздушни напади, ИДФ објави дека „околу 40 ракети се истелани од Либан во областа Мерон, пренесува БТА.


Нема нформации за жртви и материјални штети. са/. Фото: МИА архива .

Извор: МИА