Breaking News

Цел, одлучност, силна желба и амбиција се неопходни за успешен бизнис, велат претприемачките


Цел, одлучност, силна желба, изнаоѓање начин, амбиција, надминување на стереотипите, верба во својот сон и истрајност.


Ова се основните „критериуми“ за успешно водење бизнис според седумте стопанственички кои пред присутните на денешната конференција „HalkTalk” ги раскажаа своите лични приказни.


Како што истакнаа на конференцијата организирана под мотото „Се инспирираме и се охрабруваме една со друга”, образованието е многу важно, но мора постојано да се следат и трендовите и да се вложува во континуирана едукација.

Откажувањето, нагласија, никогаш не е опција.   -Патувањето не е лесно, мора да се излезе од комфор зоната. Соништата се всушност планови, а не нешто нереално и неостварливо.


Тешко е човек да се соочи со опструкциите, но јас почнав да ги гледам не како проблеми, туку како предизвици. Многу анализирав.

Низ патувањето до целта учите да давате приоритети и да прифаќате несовршености, рече Симона Тасевска од „Рикомак“.


Според Сања Лазаревска, сопственик на балетско училиште и балетска продикција, кога нешто сакаш, никој и ништо не треба да дозволиш да те спречи. -Од мала работам на својот сон.

Полека е најбрзиот начин да стигнеш. Сега, од оваа перспектива, би рекла дека кога е најтешко, мора да си позитивно фокусиран и така сигурно ќе успееш.


Никогаш не треба да се откажуваме, а ако се има желба, има и решение, нагласи Лазаревска.

Таа не дозволила, рече, ништо да ја поколеба, иако додека ја реализирала својата замисла за балетско училиште, станала и мајка. Ја воделе, додаде, упорноста и креативноста.

  -За успех е потребно многу љубов. Не дозволив никаков притисок да ме поколеба, да ме натера да се откажам.

За мене не постои замор, ниту откажување иако има многу ситуации кои се непредвидливи, посочи Лазаревска. Заеднички беше заклучокот дека за високи цели е неопходна активна финансиска поддршка.

Бизнис-конференцијата за жени претприемачки ја организираше Халкбанк со поддршка од Мастеркард (Mastercard).

Поздравни обраќања имаа Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк, и Вања Манова, директорка на Матеркард за Бугарија, Северна Македонија, Косово и Албанија. мч/са/фото: МИА   .

Извор: МИА